Фото: Мета.мк

Во државата вкупно се дадени 431.174 дози вакцини, а ревакцинирани се 177.020 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 254.154 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.450 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.065 граѓани“, додаваат оттаму.

Според анализите на МЗ, со последните бројки со барем една доза вакцина се вакцинирани:

  • 48% од населението над 70 години;
  • 42% отсто од населението над 65 години;
  • 35% од населението над 60 години.

Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 447.543 граѓани, соопштија од министерството.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп, соопштува Министерството за здравство, апелирајќи граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.