Принтскрин: vakcinacija.mk

Веб-страницата vakcinacija.mk која беше пуштена во потреба во моментов не е во функција. Од Министерството за здравство информираат дека во моментов се прават последните технички прилагодувања.

„Се прават последните технички прилагодувања на веб-страницата преку која граѓаните ќе можат да се пријавуваат со изразување заинтересираност за вакцинација против ковид-19. Штом се овозможи целосна функција на веб-страницата, ќе информираме повторно“, велат оттаму.