МЗ: Вчера се аплицирани 9.393 вакцини

Фото: Министерство за здравство

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот за вакцинација секојдневно се зголемува. На вакциналните пунктови заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 434.450 граѓани.

„Прва доза вакцина вчера примиле 5.626 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.393 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 686.788 дози вакцини, а ревакцинирани се 252.338 граѓани. Со последните бројки, барем една доза на вакцина има примено 57 отсто од населението над 70 години, 54 отсто од населението над 65 години и 49 отсто од населението над 60 години. Голем е интересот за вакцинација без закажан термин. Со прва доза и без закажан термин се вакцинираат возрасни лица во пунктовите во здравствените домови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба,“ се вели во соопштението.

Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.