Фото: МОН

Вакцинацијата против ковид-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 453.180 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 265.164 граѓани на вакциналните пунктови. Вчера прва доза примиле 2.036 граѓани, а вкупно во текот на денот се вакцинирале 4.299 лица.

Во државата вкупно се аплицирани 462.415 дози вакцини, а ревакцинирани се 197.251 граѓани.

Со последните бројки, барем една доза вакцина примило 48 отсто од населението над 70 години, 42 отсто од лицата над 65 години и 36 отсто од населението над 60 години.

Вакцинацијата се спроведува според Националниот план за имунизација, потсетуваат од МЗ, се вакцинираат возрасни, граѓани кои искажале интерес на веб страницата vakcinacija.mk и лица вработени во критична инфраструктура. Вакцинација се одвива во неколку градови, во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје и во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.