МЗ: Ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани и 38 отсто од целото население

Фото: МОН

Во текот на вчерашниот ден се ставени вкупно 4.797 дози вакцини против ковид-19, од кои 734 се прва доза, 876 се ревакцинирани, а 3.187 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

До вчера вкупно се вакцинирани 804.151 граѓани, ревакцинирани се 774.464, а трета доза примиле 27.298 граѓани.

Во проценти, 54 отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Во категоријата на полнолетните, една доза вакцина примиле 57 отсто од нив, а две дози 46 отсто.

Во поглед на целото население, вакцинирани со две дози се 38 отсто од граѓаните, соопшти Министерството за здравство.