fbpx

МЗ: Регистрирани се 444 нови случаи на ковид-19, 11 луѓе починале

-

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.938 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 190, Битола – 43, Прилеп – 27, Кавадарци – 19, Кочани – 16, Велес и Струмица – по 15, Охрид и Берово – по 13, Ресен – 11, Куманово и Штип – по 10, Тетово, Кичево, Гевгелија и Делчево – по 6, Крива Паланка и Кратово – по 5, Валандово – 4, Неготино, Свети Николе, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Радовиш и Пробиштип – по 2, Гостивар, Струга, Дебар, Виница и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 3 починати лица од Скопје (67г, 75г и 79г) и по едно починато лице од Битола (53г), Велес (59г), Кавадарци (81г), Крушево (84г), Прилеп (66г), Пробиштип (73г), Радовиш (72г) и Штип (78г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 09.11.2021 до 16.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Тетово(1), Струмица(1) и Битола (1). Починатите лица се на возраст од 65-80г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.

Регистрирани сe 467 оздравени пациенти од: Скопје – 193, Куманово – 34, Битола – 26, Тетово – 24, Штип – 23, Кавадарци – 21, Прилеп – 19, Кочани – 18, Велес – 13, Делчево, Крива Паланка и Неготино – по 11, Гевгелија – 9, Струмица – 8, Свети Николе и Радовиш – по 6, Берово и Пробиштип – по 5, Ресен, Кичево и Кратово – по 4, Демир Хисар и Виница – по 3, Демир Капија – 2, Охрид, Богданци, Крушево и Дојран – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 211.382, бројот на оздравени пациенти е 195.624, на починати е 7.406, а бројот на активни случаи изнесува 8.352.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...