fbpx

МЗ: Ќе се набави Молнупиравир, единствениот лек за ковид-19

-

Министерството за здравство (МЗ) информира дека ќе го набави лекот Молнупиравир, за кој вели дека е единствениот лек откриен против ковид-19. Министерството стапил во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка.

Лекот Молнупиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на ковид-19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50 отсто, објаснува МЗ и укажува дека не може да се прават споредби на примањето на овој лек со вакцинацијата како заштита.

„Вакцините против корона вирусот спречуваат тешка форма на болеста, компликации при хоспитализација или смртен исход. Ковид-19 брзо мутира и најголема ефикасност даваат вакцините, а целта е постигање на колективен имунитет, како би се заштитиле од новите соеви на SarsCoV2“, стои во соопштението од МЗ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...