fbpx

МЗ: 83 проценти од новите случаи и 89 проценти од хоспитализираните со ковид-19, се невакцинирани

-

Во периодот од 6 до 26 август на територија на државата 17.020 граѓани добиле позитивни тестови за ковид-19, при што 17 проценти од нив биле целосно вакцинирани, односно 2.924 лица.

„Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19. Според статистика за изминативе три недели, 14.096 граѓани, односно дури 83 проценти од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 89 проценти, додека само 11 проценти од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од три седмици на територија на државата починале 276 лица со ковид-19, 246 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 30 (10 проценти) примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања,“ се вели во соопштението.

Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, кои некои од пациентите ги примиле во странство.

Министерството за здравство информира дека рапиден раст е детектиран на реинфекции со ковид-19, во период од 15 август до 22 август.

„Институтот за јавно здравје анализирајќи ја неделната епидемиолошка состојба во државата има детектирано дека во период на една недела 54 лица кои еднаш биле позитивни на ковид-19, повторно се заразиле со вирусот. Ако се анализира состојбата од почетокот на пандемијата, заклучно со 22 август 2021 година, во земјата вкупно се детектирани 351 случај на повторно заразување со вирусот. Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход,“ се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...