fbpx

МЗ: 76 отсто од новите случаи и 81 отсто од хоспитализираните со ковид-19, се невакцинирани

-

Во период од 6 август до 7 октомври на територија на државата 38.019 граѓанин, се позитивни од тестирани на ковид-19, од нив 24 проценти биле целосно вакцинирани, односно 9.163 лица, се вели во анализата на Министерство за здравство.

„Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19. Според статистика за изминативе два месеци, 28.856, граѓани, односно 76 проценти од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 81 проценти, додека само 19 проценти од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата,“  се вели во анализата.

Во истиот период на територија на државата починале 1.277 пациенти со ковид-19, 1.070 пациенти од починатите, односно 84 проценти не биле вакцинирани, а само 16 проценти, односно 207 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на СарсКов2.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...