fbpx

МЗ: 74 отсто од новите случаи и 76 отсто од хоспитализираните со ковид-19 се невакцинирани

-

Во периодот од 6 август до 21 октомври, на територијата на државата 42.945 граѓани биле позитивни од тестираните лица на ковид-19, а од нив, 26 проценти биле целосно вакцинирани, односно 11.253 лица, се вели во анализата на Министерство за здравство.

„Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19. Според статистика за изминатиов период 31.692 граѓани, односно 74 отсто од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 76 отсто, додека само 24 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани,“ се вели во соопштението.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.

„Во период од 6 август до 21 октомври на територија на државата починале 1.506 лица со ковид-19, 1.246 пациенти, односно 83 отсто од починатите не биле вакцинирани, а само 260, односно 17 отсто примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас“ се додава во соопштението.

Од Министерството за здравство уште еднаш укажуваат на важноста на вакцинација и апелираат граѓаните да се вакцинираат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...