fbpx

МЗ: 44,6 отсто од населениeто над 18 години е вакцинирано со една доза вакцина

-

Вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава. Заклучно со 4 септември, со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 44,6 проценти од севкупното население над 18 годишна возраст, информираат од Министерството за здравство.

„Според последните податоци, најголем опфат со една доза на вакцина има во Неготино 63,4 проценти, Кавадарци 62,3 проценти и Охрид 61,4 проценти. По нив, најмногу вакцинирани со прва доза има во градовите Гевгелија 59,8 проценти, Берово 56 проценти, Ресен 57,2 проценти, Битола 55,8 проценти, Ресен 57,2 проценти, Пехчево 53 проценти, Крушево 52,3 проценти, Валандово 53,3 проценти, Штип 51,9 проценти, Пробиштип 50,5 проценти. Помеѓу 40-50 проценти опфат на вакцинирано население со барем една доза на вакцина има во градовите Демир Хисар, Велес, Св.Николе, Кочани, Делчево, К.Паланка, Струга, Прилеп, М.Брод, и Скопје, а помеѓу 30-40 проценти опфат во градовите Кичево, Виница, Куманово, Кратово, Струмица, Тетово, Гостивар, Радовиш. Најмал процент од населението, вакцинирано со барем една доза вакцина има во градовите Гостивар 30,5 проценти и Дебар 31,7 проценти,“ се вели во соопштението.

Од Министерство за здравство апелираат на заинтересираност и вклучување во процесот на вакцинација, особено до помладата популација на граѓани во периодот што следува.

„Вирусот не ги исклучува младите, а на тоа укажуваат бројките од последите анализи. Потребно е сега младите активно да се вклучат во опфатот со вакцинација и само на овој начин, со што поголем процент на вакцинирано население помеѓу помладата популација ќе го зацврстиме колективниот имунитет и заеднички ќе создадеме бариера на секој иден епидемиолошки бран предизвикан од вирусот,“ се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Откриен еден од осомничените за тешка кражба на сеф во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник, осомничен за кражба на сеф во Црниче. Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во...