fbpx

МВР за „Мета“: Французите побараа асистенција, во тек се проверки за бомбашот од Париз

-

Француските власти – Национално централно биро (НЦБ) Париз до сите земји-членки на Интерпол, меѓу кои и Република Македонија, доставија одредени барања за проверка во базите на податоци што би помогнале во истрагата за откривање на можните сторители, организатори и помагачи на терористичките напади, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како одговор на нашите прашања, оттаму информираат дека во тек се проверки во евиденцијата на МВР за да се утврди дали сирискиот државјанин Ахмед Алмухамед, за кого се претпоставува дека е еден од терористите во Париз, поминал низ територијата на земјава и бил регистриран од македонските служби.

„Министерството за внатрешни работи ги има извршено сите неопходни проверки побарани од француските служби, за што тие се навремено известени. Министерството за внатрешни работи врши проверки дали лицето за кое се интересирате остварило влез во Република Макединија. Имено, се вршат и рачни проверки во евиденцијата од причина што многу од лицата се јавуваат со исти или со слични генералии“, велат од МВР за „Мета“.

Оттаму додаваат дека „МВР води база на податоци за издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на правото на азил, а биометриски податоци (фотографија и отпечаток од прст) се земаат од лицата што поднесуваат барање за признавање на правото на азил“.

На прашањето на „Мета“ дали е подигнато нивото на безбедност на јужната и на северната граница и дали има засилени контроли при влез и при излез на мигрантите во и од Македонија по терористичките напади во Париз, од МВР одговараат дека покрај другите мерки, зајакнати биле и контролите над мигрантите што влегуваат во земјава, особено во транзитниот центар во Гевгелија.

„Министерството за внатрешни работи, покрај другите зајакнати мерки за безбедност, ја зајакна и контролата над мигрантите што остваруваат влез во Република Македонија, а особено во привремениот транзитен центар во Гевгелија, како и на северната и на јужната граница опфатени со одлуката за прогласена кризна состојба“, стои во дописот од МВР.

Македонија беше прозвана дека е една од најтаинствените земји околу тоа дали поседува информации за движењето на парискиот бомбаш.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....