fbpx

МВР во последните 24 часа издало потврди на 3.534 мигранти

-

Министерството за внатрешни работи во последните 24 часа издало потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил на вкупно 3.534 мигранти.

Од мигрантите најбројни се државјаните на Авганистан, вкупно 1.711 лица, потоа на Сирија – 1.238 лица и на Ирак – 34 лица.

Од 19 јуни, издадени се потврди на вкупно 189.957 странски државјани, од кои 117.537 се од машки пол, 27.203 се од женски, 36.401 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, а 8.816 се деца кои патуваат без родител.

Во текот на вчерашниот ден до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.

Во изминатите четири месеци до Одделението за азил се поднесени вкупно 70 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...