fbpx

МВР викендов фатило 609 прекршители на полицискиот час, дел од граѓаните ја игнорираа забраната за движење

-

Полицискиот час на сила, дел од граѓаните на улица. Ваква беше ситуацијата во Скопје во текот на изминатиов продолжен викенд во услови на рапиден раст на бројот на новозаболени лица од ковид-19. Се чини дека дисциплината беше најлоша во неделата, кога цели семејства со мали деца излегоа да се прошетаат надвор од своите домови низ сите скопски населби. Притоа, во делови од главниот град евидентно беше и групирањето на луѓе пред станбените згради и куќи и на игралиштата, без притоа да се носат заштитни маски. Луѓето си муабетеја и спортуваа, без притоа да размислат дали ваквиот начин на однесување придонесува за натамошно ширење на ковид-19 во главниот град.

И додека викендов се покажа дека граѓаните не ја есапат полицијата околу забраната за движење, Министерството за внатрешни работи (МВР) регистрира рекордни бројки на граѓани што не го почитувале полицискиот час, и тоа во услови кога истиот важеше во само дел од земјава.

Од четврток вечерта до денес наутро, МВР фатило вкупно 609 прекршители на полицискиот час, кои ќе добијат кривични пријави од Основното јавно обвинителство. Од нив, дури 503 лица биле приведени во полициска станица, додека за останатите биле земени податоци и за нив ќе следуваат соодветни мерки. Најмногу прекршувања на забраната за движење биле регистрирани вчера и во текот на петокот, кога за едно деноноќие биле фатени над 200 лица што не го почитувале полицискиот час.

Од МВР излегоа со податоци дека во периодот од четвртокот до утрово биле регистрирани вкупно 1.776 лица што не носеле лична заштита на лицето. Овие граѓани прекршочно ќе се гонат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...