Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 670 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Мета.мк“ претходно извести дека минатиот месец изречени над 18.500 казни за неносење заштитна маска на лицето, додека пак во текот на октомври регистрирани се близу 24 илјади прекршоци по овој основ.
Од Министерството за внатрешни работи исто така информираат дека при сообраќајните контроли во текот на вчерашниот ден само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 461 санкција.
Полициските службеници во изминатото деноноќие изрекле 60 мерки за возење без возачка дозвола, 38 за нерегистрирани возила и 19 мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз. Воедно изречени се 26 казни за користење на мобилен телефон, како и 13 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.
Во текот на вчерашниот ден полицијата регистрирала 24 прекршоци за управување под дејство на алкохол, 29 мерки за непрописно паркирани возила и 22 санкции за неносење заштитна маска.
Од МВР најавија дека ќе продолжат сообраќајните контролите и во наредните денови. До граѓаните апелираат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.