Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека во текот на изминатото деноноќие изречени се 461 прекршок за неносење заштитна маска на лицето.
Од министерството, исто така информираат дека при сообраќајни контроли на територијата на Град Скопје во текот на изминатото деноноќие изречени се вкупно 269 санкции.
Полициските службеници во изминатото деноноќие изрекле 78 санкции за непочитување на брзина на движење, 26 санкции за возење без возачка дозвола и 19 за возење под дејство на алкохол.
Воедно изречени се 17 санкции за користење на мобилен телефон, девет мерки за возач почетник, осум за некористење сигурносен појас, шест за минување на затворен семафор (црвено светло) и 37 за непрописно паркирани возила.
Додека пак, на територијата на општина Центар изречени се вкупно 126 мерки, меѓу кои 19 за возење без возачка дозвола и 14 за непочитување на брзината на движење.
Полицијата казнила и 13 лица кои возеле под дејство на алкохол и изрекле три казни за нерегистрирани возила.
Од МВР најавија дека ќе продолжат сообраќајните контроли и во наредните денови. До граѓаните апелираат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.