Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа не издало потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од први јануари до вчера издадени се вкупно 89.623 потврди на странски државјани.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 44.734, Авганистан – 26.546 и на Ирак – 18.337.

Во текот на изминатото деноноќие до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Од почетокот на годината до вчера до Секторот за азил, барање за признавање право на азил поднеле 29 лица.