fbpx

МВР вчера изрече 786 санкции за брзо возење на територијата на цела држава

-

Во текот на вчерашниот ден, 28 март спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на цела држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 786 возила, информираат од МВР.

Од нив, 85 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 24 возила за движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта,“ се вели во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...