fbpx

МВР вчера изрече 627 санкции, од кои 135 за брзо возење

-

Во текот на вчерашниот ден, 18 јуни, Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани  627 возачи, соопштуваат од МВР.

Од нив, 135 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР –Штип-89, потоа на територија на СВР Охрид-85 и на СВР Тетово -74.

На територијата на град Скопје МВР изрече вкупно 232 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина, 86 санкции, 19 прекршоци за возачите на мотоцикли и 5 санкции за возачи почетници.
Изречени се 17 казни за возење под дејство на алкохол, 8 за користење мобилен телефон, 5 за некористење сигурносен појас, 5 за минување на затворен сигнал (црвено светло), 34 санкции за непрописно паркирање.  

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...