fbpx

МВР уапсило две лица во операцијата за лов на терористи на Балканот

-

Министерството за внатрешни работи минатата недела уапсило две лица за кои постоеле разузнавачки информации дека се вмешани во подготвување терористички напади во земјава.

Оваа акција, како што информираше денеска на прес-конференција директорот на БЈБ, Митко Чавков, била дел од регионалната антитерористичка операција во која учествувале македонските, албанските и косовските служби.

Во рамките на акцијата, екипи на МВР извршиле два претреси во Скопје и во селото Арачиново каде бил уапсен едниот од осомничените, 24-годишен жител на селото. Вториот од осомничените, пак, бил уапсен вчера на Косово, откако македонската полиција во соработка со партнерските служби добила информации дека тој се крие таму.

– При извршените претреси пронајдени се мобилни телефони со СИМ-картички, фотоапарати со микрокартички, метален боксирач, регистарски ознаки, куршум, комјутерски куќишта, таблет, УСБ и разна документација – соопшти Чавков.

Против 24-годишниот жител на Арачиново веќе е поднесена кривична пријава за тероризам, а судија на претходна постапка му одредил 30-дневен притвор.

За другото лице, кое е на Косово, ќе биде побарана меѓународна правна помош.

Одговарајќи на новинарско прашање, Чавков не кажа прецизно какви напади планирале двајцата осомничени и само наведе дека биле поврзани со исламски радикализам и со борци повратници од Исламска држава, но благодарение на операцијата сите нивни намери биле осуетени.

Во понеделникот, албанската и косовската полиција соопштија дека во координираната антитерористичка операција биле уапсени вкупно 11 лица, четири во Албанија и седум на Косово.

Од јавното обвинителство за „Мета“ во вторникот потврдија дека Македонија учествувала во операцијата, но деталите дури денеска ги соопшти директорот на БЈБ, Чавков.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...