МВР: Уапсени четворица криминалци осомничени за убиства

Тројца од осомничените во јули 2023 година, на македонска и грчка територија, поттикнати и по порачка од претходно осомничен - организатор на групата, преземале дејствија на извидување на локација на оштетен и обезбедување средства за вршење на кривичното дело, при што во Грција бил лишен од живот припадник на спротивставена организирана криминална група

-

Четири лица осомничени за убиства се уапсени денеска по извршени претреси на пет локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминална група, во предметот под кодно име „Бункер“, под раководство на предметниот обвинител од ОЈО ГОКК, денеска во текот на утринските часови, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР извршија претреси на пет локации во Скопје. При претресите четири лица се приведени, а во дом на еден од осомничените е пронајдено поголемо количество на марихуана, што ќе биде предмет на вештачење“, наведено е во извештајот на МВР.

Како што информираат оттаму, за четворицата приведени постои основано сомнение дека сториле кривично дело „злосторничко здружување“ и кривично дело „убиство“, а еден од осомничените сторил и кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

„Според обезбедените докази, во текот на 2023 година осомничените станале припадници на група која дејствувала подолг временски период и имала за цел вршење на кривични дела убиство од одмазда и по порачка, за кое е пропишана затворска казна од најмалку 10 години или доживотен затвор и други кривични дела. Тие прифаќајќи ги одлуките и насоките од организаторите на криминалната група, во континуитет преземале дејствија на обезбедување услови, отстранување пречки и ставање средства на располагање за извршување на порачките за лишување лица од живот“, се додава во соопштението на МВР.

Така, тројца од осомничените во јули 2023 година, на македонска и грчка територија, поттикнати и по порачка од претходно осомничен – организатор на групата, преземале дејствија на извидување на локација на оштетен и обезбедување средства за вршење на кривичното дело, при што во Грција бил лишен од живот припадник на спротивставена организирана криминална група.

„Во месец мај 2024 година, пред објект на т.н. пластичарска улица, двајца осомничени извршиле убиство на едно лице, а при заминување од местото пукале во возило што било паркирано во непосредна близина, при што повредиле други лица, од кои едно лице починало“, се додава во соопштението.

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот Исток, пренесува...

Едно лице е лишено од слобода по поведената истрага за помагање при убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, стои во соопштението. По...

Пропалестинскиот активист Махмуд Калил ослободен од американскиот имиграциски притвор по повеќе од три месеци

Дипломираниот студент на Универзитетот Колумбија, Махмуд Калил, беше ослободен од американскиот имиграциски притвор, каде што беше држен повеќе од три месеци поради неговиот активизам против израелската војна во Газа, пренесува Гардијан. Калил,...

Протекоа повеќе од шеснаесет милијарди лозинки на корисниците на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл

Оваа сторија првично започна на 18 јуни каде што илјадници корисници на Ејпл, Фејсбук, Инстаграм и Гугл се пожалија дека имаат проблеми со нивните кориснички сметки. Но сега, бројката ескалираше драстично...

Додека Трамп размислува за влегување во војна, Израел веќе го нападна иранскиот нуклеарен погон Исфахан

Израел го нападна нуклеарниот објект на Иран во близина на Исфахан, продолжувајќи со својот воздушен напад додека претседателот Доналд Трамп одлучува дали САД ќе влезат во војната на Блискиот...