fbpx

МВР целосно ќе го расветли нападот врз Тодоров, порача Спасовски

-

Новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го осуди денешниот вооружен напад врз поранешниот министер за здравство и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, и најави дека МВР ќе ги преземе сите мерки за расчистување на мотивите за нападот.

На првата прес-конференција откако ја презеде министерската функција, Спасовски рече дека во изминатите години системот на правдата и правната држава целосно биле урнати. Граѓаните ја изгубиле довербата во институциите, а поради нивната партизација и политизација, почнале да бараат начини за решавање на сопствените проблеми.

– Како министер за внатрешни работи ги осудувам сите кривични дела и секое нарушување на безбедноста на граѓаните и на државата, но истовремено ќе ги преземам сите активности за враќање на довербата на граѓаните во институциите и во системот на државата – рече Спасовски.

Тој упати повик до сите граѓани да не преземаат дејства со кои ќе ги загрозат сопствениот и животите на другите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...