fbpx

МВР: Телефонските провајдери се исклучиво одговорни за заштитата на граѓаните

-

МВР е запознаено со масовните телефонски јавувања од странски броеви, но за заштита на граѓаните се одговорни исклучиво провајдерите, одговори денеска Министерството на прашањето на „Мета.мк“ „дали и што презема по масовните повици што македонските телефонски корисници денеска ги добиваат од непознати странски броеви“.

„Министерството за внатрешни работи – Секторот за компјутерски криминал е запознаен со оваа појава и е остварен контакт со сервис-провајдерите со цел укажување и превенција за заштита на граѓаните. Во исто време информираме дека во делот на квалитетот на услугите што ги нудат провајдерите и заштитата на граѓаните, одговорни се исклучиво провајдерите“, одговорија од МВР.

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) информираше дека телекомуникациските оператори ќе ги блокираат странските броеви од кои денеска кон домашни корисници беа упатени голем број повици. Директорот на АЕК Сашо Димитријовски ги советува граѓаните да не одговараат на такви повици и најави состанок со мобилните оператори.

Македонски Телеком соопшти дека кон неговите корисници денеска регистрирал повици од непознати дестинации чија цел е да генерираат непотребен сообраќај.

„За да ги заштитиме корисниците од несакани трошоци, компанијата веднаш презеде безбедносни мерки, ги блокираше непознатите броеви и го оневозможи бирањето кон овие дестинации. Апелираме корисниците постојано да бидат претпазливи и да не одговараат на пропуштени повици од непознати броеви, со цел за да се избегнат злоупотреби и дополнителни непредвидени трошоци“ соопштија од Телеком.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...