МВР со детали за сообраќајката кај Кичево: Меѓу загинатите двајца сопружници од Гостивар, повредени се и малолетници

Според министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, причината за несреќата најверојатно е огромна неприлагодена брзина на еден од учесниците во сообраќајката кој е меѓу починатите

-

Тешката сообраќајна несреќа со трагични последици се случила на 18 април околу 20:40 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на местото викано „Сеферов бунар“, соопшти СВР Охрид.

Во несреќата учествувале три патнички возила – „мерцедес“ управуван од З.Д. (64) од Битола, „форд“ управуван од А.Р. (63) од кичевското село Горно Страгомиште, и „опел“ управуван од Х.Е. (38) од Гостивар.

На самото место на несреќата загинале возачот на „мерцедесот“, З.Д., и возачот на „опелот“, Х.Е., додека сопатничката во „опелот“, Б.Е. (38) од Гостивар, починала откако била пренесена во Медицинскиот центар во Кичево. Смртта на сите тројца ја констатирал лекар, а по наредба на јавен обвинител телата се предадени на обдукција.

Со телесни повреди се здобиле уште седум лица: возачот на „фордот“ А.Р. и неговата сопатничка А.А. (67) од село Колари, сопатникот во „мерцедесот“ Д.С. (37) од Кичево, како и четворица сопатници во „опелот“ – тројца малолетници од Гостивар и Р.Е. (60) од село Шутово, кичевско. Повредите им се констатирани во здравствени установи во Кичево и Скопје.

На местото на несреќата увид извршија јавен обвинител, судски сообраќаен вештак и полициски екипи.

Според министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, причината за несреќата најверојатно е огромна неприлагодена брзина на еден од учесниците во сообраќајката кој е меѓу починатите.

Како што додаде министерот бројот на жртви во сообраќајки во првиот квартал од 2025 година е сличен како лани, но бројките се катастрофални во споредба со европските стандарди.

Тој најави имплементација на проектот „Безбеден град“ на територијата на целата држава.

Тешка сообраќајка на патот Кичево – Гостивар, тројца загинати, осум повредени

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) пресуди дека Русија е одговорна за соборувањето на малезискиот авион над Украина, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет...