fbpx

МВР: Регистрирани се низа помали инциденти, на кои соодветно е реагирано

-

Од отворањето на гласачките места до 13 часот нема поголеми инциденти, но регистрирани се низа помали на кои соодветно е реагирано, изјави на прес-конференција помошникот министер за односи со јавноста во МВР, Јордан Ламановски.

Тој информираше дека на повеќе гласачки места имало случаи со фотографирање на гласачки ливчиња со мобилен телефон, агитирање, како и сугерирања за кого граѓаните да гласаат.

Ламановски додаде дека лице од Хелсиншки комитет пријавило дека пред избирачкото место на улица Боте Боцевски, стоеле неколку лица кои нуделе по 1.000 денари на лица од ромска националност да гласаат за одредена политичка партија.

– Во село Драчево, комби со бела боја превезува гласачи, а има информации и дека се нудат по 1.000 денари за гласање за одредена политичка партија – информираат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...