Фото: Арбнора Мемети

За неносење лична заштита на лицето од ковид-19, во текот на изминатото деноноќие (25/26 февруари 2021 година) Министерството за внатрешни работи регистрира 401 прекршок на територијата на Република Северна Македонија.

МВР во соопштение и денеска повторно апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.