fbpx

МВР реди кривични пријави за граѓаните кои не ја почитуваат мерката за самоизолација

-

Петмина битолчани, четворица прилепчани, двајца кумановци и еден охриѓанец добија кривични пријави од МВР за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Станува збор за лица кои за време на пандемија дошле во нашата држава од ризични држави, при што на влез во земјата од страна на Државен санитарен и здравствен инспекторат им биле издадени писмени Решенија за домашна изолација, кои тие не ги почитувале. Кривичните пријави се поднесени по членот 206, став 1 од Кривичниот законик.

Од Основното јавно обвинителство соопштуваат дека петмината обвинети од Битола не само што не ја почитувале мерката за задолжителна домашна изолација, туку предизвикале и тепачка.

„На 18.03.2020 година, околу 12.00 часот, излегле од својот дом на улицата пред семејната куќа, вербално се расправале со соседите, по што двајца од обвинетите физички ги нападнале соседите и им нанеле телесни повреди. Со овие дејствија сите обвинети не постапиле по донесените прописи за време на пандемија-епидемија од глобални размери со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на епидемијата на заразната болест предизвикана од коронавирус -COVID 19“, се наведува во соопштението на Основното јавно обвинителство.

Премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче веќе неколку дена повторуваат дека лицата кои влегле во нашата земја од ризичните држави мора да поминат 14-дневна изолација во нивните домови. МВР врши секојдневни контроли по домовите на граѓаните кои ги дале своите лични податоци при влез во земјава и ќе продолжи да поднесува кривични пријави против граѓаните кои не ја почитуваат мерката за задолжителна домашна изолација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Твич“ ги укина новите правила за рекламирање откако стримерите почнаа да ја напуштаат платформата

Услугата за пренос во живо „Твич“ објави дека ги укинува своите нови правила за рекламирање - одлука што ја донеле откако неколку стримери најавија дека ја напуштаат платформата. Оваа платформа,...
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Nulled WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
lynda course free download
download redmi firmware
Download WordPress Themes
free online course