МВР распиша меѓународни потреници по Сехат Рамадани и Агим Красниќи, затворениците кои по отсуство од викенд не се вратија во КПУ затвор Штип. И двајцата се на доиздржување на казна затвор од три години и три месеци.

Красниќи беше уапсен во 2008 година, заедно со неговата седумчлена група за предизвикување изборни нерегуларности за време на тогашните парламентарни избори. На неговата група исто така и’ се судеше за тероризам, односно планирање напад на Скопје.