fbpx

МВР: Проверките завршија, лажни се пријавите за поставени бомби во училишта

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и струшко, по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, а утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат оттаму.

По денешните дојави за бомби во Скопје, Тетово и во Битола, дојави пријавија и училишта во Прилеп. Основните училишта во Прилеп „Добре Јованоски“, „Гоце Делчев“ и „Блаже Конески“ денеска добиле дојави за поставена бомба, по што веднаш биле евакуирани учениците и вработените. Ова е прв пат дојави за бомби да има во овој град.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...