Фото: МВР

Денеска на граничниот премин Деве Баир, при контрола во автобус на туристичка агенција од Скопје, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции откриле 30 ПЦР тестови за ковид-19, за кои постои основано сомнение дека не се валидни. Односно дека не се извадени од овластена медицинска установа. Тестовите биле приложени од патниците, и по направени дополнителни проверки, биле одземени, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Се додава дека од слобода биле лишени двајца албански државјани кои биле изведени пред судија на претходна постапка. За останатите 28 патници, македонски државјани, МВР информира дека ќе бидат направени дополнителни проверки и против нив ќе бидат поднесени пријави до Основното јавното обвинителство, според Кривичниот законик.