Фото: Арбнора Мехмети

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека денеска се приведени вкупно четири лица, двајца од Битола, еден од Велес и еден од Штип, директни учесници во Јавна соба на Телеграм.

„Се работи на откривање кој ја креирал ваквата група и кои се биле членови. Секој еден кој се наоѓа во групата ќе се истражи и ќе понесе кривична одговорност,“ информираше Спасовски на социјалните мрежи.

Една година по обелодувањето на случајот со групата „Јавна соба“, каде се споделуваат порнографски и еротски фотографии и видеа од девојки, група со истото име повторно се актуелизираше деновиве на апликацијата за пораки „Телеграм“.

Освен експлицитните фотографии, во оваа и во сличните групи се испраќаат и фотографии преземени од социјалните мрежи на девојки и жени, па заедно со телефонските броеви и личните податоци, тие се користат за наштетување на угледот на жртвите. Компромитирачки содржини наводно се објавуваат и за малолетни лица.