fbpx

МВР: При влез во државата потребен е PCR-тест и самоизолација од две недели

-

Согласно одлуките и протоколите донесени од Владата во рамки на прогласената вонредна состојба на територијата на државата предизвикана од епидемијата од Ковид-19, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека при влез на наши граѓани во земјава, како и на странци но само со регулиран престој во државава, задолжително е на граничниот премин да биде приложен направен валиден PCR-тест, не постар од 72 часа, кој е негативен.

Потоа, овие лица на граничниот премин потпишуваат изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена.

„Врз основа на потпишаната изјава, од страна на овластени претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат им се изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, а од припадници на МВР се врши контрола на спроведувањето на Решението за здравствен надзор и домашна самоизолација. Оние пак наши граѓани или странци со регулиран престој во земјава, кои што при влез на територија нема да приложат валиден PCR-тест или ќе приложат невалиден PCR-тест, од граничниот премин со превоз организиран од Владата или со сопствен превоз, со придружба од страна на припадници на МВР ќе бидат спроведени во државен карантин. Во текот денот се организира превоз од граничен премин до државен карантин во два наврати и тоа во 10.00 часот и во 20.00 часот. Граѓаните ќе останат во државен карантин 14 дена,“ информираат од МВР.

Исто така, доколку граѓаните сакат да им се направи PCR-тест, на нивно барање им се овозможува од страна на овластена институција во најкраток рок да им се направи  PCR-тест. Оние граѓани на кои направениот PCR-тест е негативен, потпишуваат изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, каде се засметани и деновите поминати во државен карантин, и го напуштаат карантинот и заминуваат во задолжителна самоизолација на адресата определена во дадената изјава.

„Доколку граѓаните не сакат да им се направи PCR-тест, остануваат во карантин 14 дена, а по тој рок од страна на овластени претставници од ДСЗИ им се изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација,“ се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...