Фото: Суад Бајрами, Порталб.мк

МВР констатира дека 20 лица не ја почитувале забраната за движење, односно полицискиот час, во периодот од 22 часот на 15 март 2021, до 05 часот наутро на 16 март годинава. Во текот на изминатото деноноќие, пак, 15 -16 март, на територијата на Република Северна Македонија за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 417 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесат за спречување на ширењето на ковид 19.