fbpx

МВР: Сè почесто преку изамама за криптовалути граѓаните остануваат без илјадници евра

-

Сè почесто се случува граѓаните да бидат намамени да вложат илјадници евра во криптовалути за потоа, повеќе никогаш да не ги добијат назад.

Секторот за компјутерски криминал при МВР информира дека во изминатиот период зачестена е појавата непознати лица преку социјалните мрежи или преку имејл да испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку кои се ветува лесна заработка со исполнување на одредени задачи кои се доделуваат на дневно ниво од самиот сервис или апликација.

„Откако лицата ќе се регистрираат и ги остават нивните лични податоци, добиваат кориснички профил преку кој може да купат одреден пакет во зависност од паричните средства кои се подготвени првично да ги инвестираат преку купување на претплатнички пакети во криптовалути“, соопшти МВР.

Оттаму додаваат дека откако корисникот ќе ја направи иницијалната инвестиција, добива одредени задачи кои вклучуваат посета на веб-страни или преглед на видеа за кои добиваат соодветен надомест, во зависнот од пакетот што го имаат избрано.

„На овој начин сѐ повеќе граѓани влегуваат на пазарот за криптовалути, но немаат доволно знаење или информации како да го направат тоа на безбеден начин“, велат од МВР.

Како резултат на тоа, додаваат, зачестија измамите, во кои граѓаните остануваат без илјадници евра и криптовалути.

МВР ги советува граѓаните да бидат претпазливи кон сите понуди со ветувања за нереално високи приходи за многу краток временски период.

„За време на комуникацијата не треба да се даваат на никого доверливи лични податоци, фотографии од лични документи, банкарски картички, како и еднократни лозинки за апликации за банкарство преку Интернет или други податоци за овластување на банкарски трансакции“, велат од МВР.

На граѓаните им препорачуваат:

  • Секогаш да побараат финансиски совети пред да дадат пари или да инвестираат средства;
  • Да ги одбијат ненајавените повици за можности за инвестирање;
  • Да се информираат и да побараат непристрасни финансиски совети пред да инвестираат пари кон понудите што ветуваат сигурна инвестиција, гарантирани приноси и голем профит;
  • Ако некогаш инвестирале во измама, измамниците најверојатно ќе ги наведат повторно или ќе ги продадат нивните информации на други измамници;
  • Да стапат во контакт со полиција доколку се посомневаат во нешто.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, исто така, апелира:

  • Граѓаните и компаниите да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи;
  • Да не наседнуваат на измами од ваков тип и да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.

    Порталб.мк: Пирамидалната шема Биг Комерц „ги изгоре“ граѓаните

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...