МВР: Од почетокот на февруари издадени над 18.000 налози за сообраќајни прекршоци, 1.500 возачи не поседувале возачка дозвола

Најголем дел од непочитувањето на сообраќајните правила се однесувале на пречекорување на брзината на движење (вкупно 6.056 платни налози), потоа непрописно паркирање (4.213) и непоседување на возачка дозвола (1.510)

-

Од почетокот на месецов заклучно со вчерашниот ден (четврток, 20 февруари) полицијата издала 18.132 платни налози за граѓани-учесници во сообраќајот за сторени прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Најголем дел од непочитувањето на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила се однесувале на пречекорување на брзината на движење (вкупно 6.056 платни налози), потоа непрописно паркирање (4.213) и непоседување на возачка дозвола (1.510).

Само вчера, во рамки на активностите на полицијата во поглед на постојните сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, биле издадени 864 платни налози.

„Притоа по основ на непочитување на брзината на движење и непрописното паркирање евидентирани се – 273, односно 270 прекршоци. Исто така, по основ на управувањето на возило без возачка дозвола вчера беа детектирани 58 прекршоци, потоа следат 33 случаи на некористење сигурносен појас и 28 случаи на зборување со мобилен телефон при управување со возило“, велат од МВР.

Покрај ова, евидентирани биле 14 прекршоци кај пешаци, седум лица управувале возило со недозволено ниво на алкохол во крвта и три минувања на црвено светло.

Во 21 случај, пак, согласно Законот за возила, од сообраќај биле отстранети нерегистрирани возила.

Западен Балкан се дави во сулфур диоксид, РЕК Битола меѓу најголемите загадувачи на воздухот

Државите од Западен Балкан и понатаму се дават во сулфур диоксид од застарените термоелектрани, покажува најновиот извештај „Усогласи или затвори“ од Бенквоч (Bankwatch). Во четирите најголеми загадувачи на воздухот влегува и...

Гори депонија, црн чад се гледа од Шуто Оризари

Голем црн чад од пожар на депонија во Шуто Оризари денеска се гледа од повеќе населби во градот. Според информации од Бригадата за противпожарна заштита на Градот Скопје, депонијата се наоѓа...

Играта Two Point Hospital е бесплатна на Епик Гејмс до четврток

Играта Two Point Hospital, која е пародија на популарната „Sims“, но сега сместена во болница, e бесплатна на Epic Games до четврток. Се работи за инвентивна игра, полна со многу хумор. Во...

Од ЕСМ за хаваријата во РЕК Битола го обвинија СДСМ

Новото раководство на АД ЕСМ ја обвини претходната власт предводена од СДСМ за катастрофалната состојба во која ја затекнало компанијата, посочувајќи дека РЕК Битола и РЕК Осломеј се во континуирана борба...

Западен Балкан се дави во сулфур диоксид, РЕК Битола меѓу најголемите загадувачи на воздухот

Државите од Западен Балкан и понатаму се дават во сулфур диоксид од застарените термоелектрани, покажува најновиот извештај „Усогласи или затвори“ од Бенквоч (Bankwatch). Во четирите најголеми загадувачи на воздухот...