МВР: Немили настани да не се користат за предизвикување меѓуетнички тензии

-

Министерството за внатрешни работи апелира вакви немили настани, како смртта на четиригодишното дете, да не се користат за предизвикување меѓуетнички тензии.

Оттаму информираат дека веднаш по немилиот настан Министерството за внатрешни работи со јавен обвинител при ОЈО Куманово извршиле увид на местото на настанот и ги преземаат сите потребни мерки за расчистување и за документирање на настанот.

„Имено, против пет лица на 26 јуни 2016 година СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основан сомнеж дека првопријавениот Б.И.(30) сторил кривично дело убиство по член 123, став 1, во врска со член 19, односно обид, додека другите пријавени лица, Б.И. (23), С.А. (36), С.Д. (36) и А.А. (32), поради постоење основан сомнеж за сторено кривично дело насилство. Од страна на судија на претходна постапка на првипријавениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена“, стои во соопштението од МВР.

Притвор за тетовецот кој уценувал малолетничка и објавувал нејзини фотографии со вулгарна содржина

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 29-годишник од селото Церово кој е осомничен дека спрема малолетничка родена 2007 година сторил кривично дело – злоупотреба на лични податоци и...