Од Министерството за внатрешни работи ги демантираат информациите дека вчера имало судир меѓу полицајците што ја обезбедувале пругата и таксистите кои протестираа во Гевгелија.

Од МВР велат дека на еден од таксистите му се слошило, но не поради тоа што врз него била употрбена сила, туку поради тоа што имал хронично заболување. Тој се онесвестил и бил пренесен во болница.