МВР: Не отварајте сомнителни линкови и датотеки прикачени во пораки

Со цел да се заштитат граѓаните од ваков тип на измами, Секторот за компјутерски криминал препорачува да не се отвораат сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки од непознати испраќачи, да не се одговара на непознати телефонски броеви, како и да не се оставаат свои лични податоци, податоци од свои платежни картички на непознати веб страни и платформи

-

Во врска со зголемениот број на измами што годинава беа забележани, а кои опфаќаат фишинг напади и случаи на лажно претставување во име на Пошта на Северна Македонија, како и на други државни институции и правни субјекти, Секторот за компјутерски криминал при МВР ги известува граѓаните дека главната цел на фишинг измамите е да се приберат личните податоци на примателот или да се натера да посети лажна веб-страница преку која со оставање на неговите лични податоци може да се предизвикаат дополнителни злоупотреби на истите.

Овој тип на фишинг напад доаѓа во форма на СМС пораки во кои се известуваат граѓаните дека имаат наводна пратка на нивно име, за која е потребно да доплатат многу мала сума за испорака. Во СМС пораката исто така има URL линк, кој води до веб страна што е дизајнирана да изгледа како легитимна веб страна на Пошта на Северна Македонија, како и на други државни институции и правни субјекти.

Преку форма за внес на податоци граѓаните ги внесуваат податоците на своите платежни картички. Обично веднаш се извршува плаќањето на првобитната сума, за после некое време да се изврши поголема трансакција.

Овие електронски пораки се класичен обид за измама со цел прибирање на лични податоци за нивна понатамошна злоупотреба па од МВР апелираат до сите граѓани да бидат внимателни, да не ги отвораат овие пораки и никако да не контактираат со испраќачот преку доставениот линк или да споделуваат лични податоци доколку тоа се бара.

Со цел да се заштитат граѓаните од ваков тип на измами, Секторот за компјутерски криминал препорачува да не се отвораат сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки од непознати испраќачи, да не се одговара на непознати телефонски броеви, како и да не се оставаат свои лични податоци, податоци од свои платежни картички на непознати веб страни и платформи. Исто така, доколку граѓаните пронајдат одредени платформи или сервиси за инвестирање од било каков тип, задолжително да извршат проверка на интернет за нивната легитимност и автентичност, односно дали исполнуваат одредени критериуми за меѓународна регулација за брокери.

Најдобрите игри од Galaxy Gaming Showcase што не треба да ги пропуштите

На неодамнешниот гејминг настан Galaxy Gaming Showcase беа најавени бројни игри што ги воодушевија гејмерите со својата разновидност и иновации. Во овој напис ги издвојуваме највозбудливите нови игри што следат во...

Повреден турист од Германија при скок во Охридското езеро кај местото „Канео“

На 18 април 2025 година околу 12 часот, во СВР Охрид беше пријавено дека во водите на Охридското езеро, кај местото „Канео“, е забележано повредено лице. Лицето, идентификувано како М.Ј.Б. (24)...

МВР со детали за сообраќајката кај Кичево: Меѓу загинатите двајца сопружници од Гостивар, повредени се и малолетници

Тешката сообраќајна несреќа со трагични последици се случила на 18 април околу 20:40 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на местото викано „Сеферов бунар“, соопшти СВР Охрид. Во несреќата...

ADN-Balkans го осуди нападот врз новинарка на „Истиномер“ додека известуваше од протест во Белград

Мрежата против дезинформации за Балканот (ADN-Balkans) остро го осуди физичкиот напад врз новинарката на српскиот сервис за проверка на факти „Истиномер“, кој се случи на 15 април додека таа известуваше од...
Galaxies Gaming Showcase Event скриншот од YouTube

Најдобрите игри од Galaxy Gaming Showcase што не треба да ги пропуштите

На неодамнешниот гејминг настан Galaxy Gaming Showcase беа најавени бројни игри што ги воодушевија гејмерите со својата разновидност и иновации. Во овој напис ги издвојуваме највозбудливите нови игри што...