fbpx

МВР: На протестот запалени грчкото и албанското знаме и каменуван ЕУ Инфо центар

-

На синоќешниот протест во Скопје организиран од Светскиот македонски конгрес и македонските заедници во Европа, биле запалени знамињата на Грција и на Албанија, а била каменувана и зградата на ЕУ Инфо центарот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

При каменувањето на објектот, од каде започна протестот „за одбрана на името“, со камен бил погоден полициски службеник во левата натколеница.

Како што информираат од МВР, во паркот Жена борец, спроти Собранието, полицијата пронашла пет шишиња со запаллива течност. Во врска со ова бил приведен 24-годишниот К.Г. од Скопје, кој по распитот е задржан во полициска станица.

Инаку, палењето на грчкото знаме на протестот денеска е една од главните теми во грчките медиуми.

„Протест на националисти во Скопје – го запалија грчкото знаме“, „Радикални Скопјани бараат итен прекин на преговорите во ОН“, „Скопје: Радикализам од националисти, црвени линии од Заев“, се дел од насловите со кои медиумите во Грција  известуваат за протестот во Скопје.

„Голем дел од демонстрантите имаа знамиња со сонцето од Виргина, додека, пак, некои од нив го запалија грчкото знаме. Меѓу учесниците беа и митрополити од расколничката црква на ПЈРМ кои му се обратија на народот“, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА.

Димитар и Тамара победници на денешната десеткилометарска трка на Водно

Димитар Петровски во машка конкуренција, кој истрча 10 километри за 30 минути и 8 секунди и Тамара Јолева Попов во женска конкуренција, која истрча за 41 минута и 11...
Download Nulled WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
Download Nulled WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
lynda course free download
download redmi firmware
Download Nulled WordPress Themes
download udemy paid course for free