fbpx

МВР му поднесе кривична и на поранешниот градоначалник на Свети Николе

-

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава пријава против поранешниот градоначалник на Свети Николе, Зоран Тасев, поради злоупотреба на службената положба и овластување.

Како што информира денеска МВР, осомничениот на 13 септември, оваа година на шефот на возниот парк му наредил на трошок на општина Свети Николе да наточи 48 литри еуродизел гориво во возило сопственост на неговиот татко и 10 литри за потребите на Територијалната противпожарна единица Свети Николе. Тасев, според полицијата наредил при плаќањето со картичката за бензин, регистрирана на Општина Свети Николе да прикаже дека 58,3 литри еуродизел гориво биле наточени во автобусот сопственост на Општината.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...