fbpx

МВР: Контролата е на максимално ниво и пред и по „Шарли ебдо“

-

По најавите за можни промени во миграциската политика на ЕУ, како мерка по нападот на „Шарли ебдо“, проценките на надлежните институции во Македонија, во моментов, се дека земјата и нејзините граѓани не би биле погодени од евентуалните измени во легислативата на ЕУ.

Во однос на евентуални засилени контроли на граничните премини, портпаролот на МВР, Иво Котевски, за „Мета“ вели дека контролата е на максимално ниво и пред и по „Шарли ебдо“.

Засега во ЕУ се дебатира само за зајакнување на легислативата која се однесува на движењето во Унијата и сè уште не се поставени како тема евентуални мерки за надворешните граници на ЕУ, односно кон земјите кои не се нејзини членки и се надвор од Шенген-зоната. Сепак, имајќи ја предвид ситуацијата, можно е да се очекува и таква расправа.

Од Министерството за надворешни работи засега немаат официјален став за случувањата во ЕУ кои се однесуваат на барањата на некои од земјите-членки за заострување на Шенген-правилата. Оттаму за „Мета“ информираат дека МНР со „внимание ја следи состојбата во однос на овие прашања, но не очекуваат реперкусии и ограничувања во однос на движењето на македонските граѓани во земјите од ЕУ“.

Во рамките на ЕУ, притисоците за промена на Шенген-правилата доаѓаат од Шпанија, подржана од Франција и од Германија, која бара ограничување на сегашниот либерален начин на патување во границите на зоната. На маса е и прашањето за воспоставување база на податоци за лицата кои го користат воздушниот сообраќај во Унијата, позната како ПНР (Passenger name records).

Од безбедносен аспкет, вчера министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, изјави дека соработката со службите во регионот и со земјите од ЕУ е на високо ниво.

– Со министрите од регионот ние имавме средба неодамна, во присуство на комесарот за внатрешни работи на ЕУ каде токму прашањето за националната безбедност, борбата против тероризмот и заедничката соработка, размена на информации и комуникацијата на службите беа во фокусот на нашите дискусии. Меѓутоа, би сакала да истакнам дека нашата соработка не ја сведуваме само на формални состаноци, туку и на сите други нивоа, не само на министерско, туку и на оперативно ниво, а комуникацијата и размената на информациите се одвива на дневна основа, во согласност со потребите – изјави Јанкулоска.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...