fbpx

МВР истрагата ќе ја прошири и на полицајци, поради можна поврзаност со криминалците кои се апсеа вчера

-

Вчера Бирото за јавна безбедност во соработка со Одделот за специјални полициски операции при МВР, спроведе полициска операција за сузбивање на организирана криминална група инволвирана во организирање на набавка на наркотична дрога – кокаин, и нејзина дистирибуција и продажба на повеќе различни локации во Скопје и други градови во државата, информираат од МВР.

„Имено, обемната криминалистичка истрага се спроведуваше изминативе три месеци а целта беше сузбивање на четиричлена организирана криминална група од Скопје, која беше идентификувана како организирана криминална група со дефинирана строга хиерархиска поставеност, која се занимава со набавка на поголема количина кокаин, кој бил препакуван, мешан и продаван на корисници на подрачјето на Град Скопје“, информираат од МВР.

Преку продажбата на кокаин, овие лица се стекнале со големи износи на парични средства, кои ги инвестирале во купување на луксузни моторни возила, станови и изградба на куќи.

„Документирано е и дека оваа група во текот на своето делување користела насилство и закани кон лица-корисници на кокаин, кои навремено не плаќале за набавениот кокаин. За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување, обезбедени се голем број на материјални докази и документирани се бројни купопродажби на кокаин кон менаџери на кафе барови, ноќни клубови и ресторани, потоа адвокати, директори, банкари и вработени во јавна администрација, при што лишени од слобода беа 12 лица“, велат од МВР.

Операцијата отпочнала во момент кога, според МВР, лидерот на криминалната група се обидел да ја напушти државата, а бил уапсен на меѓународниот аеродром „Скопје“, со поголема количина на парични средства.

„Исто така од слобода биле лишени уште две лица членови на групата, а по едно се трага. Еден од членовите на групата беше лишен од слобода во текот на ноќта при обид за бегство од лишување од слобода во неговиот дом.Дополнително, за пронајденото огненено оружје ќе бидат поднесени кривични пријави и за сторено кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, а МВР ќе ја прошири истрагата кон полициски службеници за кои во текот на истрагата се обезбедени информации и основи на сомневање за поврзаност со припадниците на оваа организирана криминална група“ се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...