Министерството за внатрешни работи ги повикува граѓаните во наредниот период да пријавуваат кршење на здравствените протоколи за заштита од корона вирус и недозволено групирање на журки, славења по дома, во викендичка или изнајмен простор на бесплатниот телефонски број 0800 00 201 или на меил адресата: [email protected].

Граѓаните на бесплатниот телефонски број или на меил адреса можат анонимно да пријават групирање и организирано прославување на претстојните празници. Имено, граѓаните можат да пријават (локација) и недозволено собирање на луѓе спротивно на мерките пропишани за справување со пандемијата, а во насока на доследно и целосно почитување на уредбите на Владата на Република Северна Македонија, односно мерките и активностите за справување со пандемијата со корона вирус.

„Полицијата ќе постапи по пријавите и ќе преземе мерки во координација со јавното обвинителство за санкционирање на непочитувањето на мерките и препораките кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести односно Одлуките кои ги носи Владата на Република Северна Македонија“, информираат од МВР.

МВР во пресрет на претстојните празници уште еднаш апелира до граѓаните да се воздржат од групни собирања и прослави, да ги почитуваат мерките на Владата, а се со цел заштита на индивидуалното и јавното здравје.