fbpx

МВР: Две лица нуделе поткуп од 100 до 500 евра на граѓани да не излезат на гласање

-

Министерството за внатрешни работи преку соопштение информираше дека презема мерки и активности за расчистување на настанот што бил пријавен вчера во СВР Тетово за сторено кривично дело нудење поткуп од страна на две лица.

Вчера едно лице до СВР Тетово поднело кривична пријава според која две лица С.Ш. и Ф.И. во вечерните часови му понудиле нему и на уште неколку семејства во село Теарце од 100 до 500 евра за еден гласач, за да не го остварат своето избирачко право.

„Утврдено дека на 22 декември лицето С.Ш. дошло во домот на пријавителот, ги побарало личните карти од членовите на неговото семејство кои имаат право на глас и побарало да не гласаат за што ќе му бидат дадени парични средства. Пријавителот не ја прифатил ваквата понуда“, информираат од МВР:

За поднесената пријава е известен дежурниот јавен обвинител при ОЈО Тетово, кој наложил да се повикаат лицата на испрашување.

„Притоа, од страна на ОЈО Тетово на началникот СВР Тетово му се дадени насоки лицата што се посочени во записникот како сведоци и можни сторители да не се повикуваат во СВР Тетово во текот на вчерашниот и денешниот ден за да не се прекине изборниот процес, а со постапката да се продолжи од понеделник, 26 декември 2016 година“, додаваат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...