МВР демантира дека набавува софтвер за прислушкување, туку стандардна форензичка опрема

Министерството тврди дека станува збор за легална и транспарентна набавка на алатки за дигитална форензика, користени и во минатото. Обвиненијата од СДСМ ги оцени како невистини што ја поткопуваат довербата во институциите

-

Министерството за внатрешни работи денеска ги отфрли како „невистинити и неосновани“ тврдењата на СДСМ дека институцијата набавила софтвер за шпионажа и прислушкување. Во демантот, испратен до јавноста од Секторот за односи со јавност и протокол, се наведува дека станува збор за редовно обновување на лиценци за дигитална форензичка опрема, која се користи веќе повеќе од една деценија.

Според МВР, лиценците се за софтвер наменет за екстракција и анализа на податоци од мобилни телефони и други електронски уреди, исклучиво во контекст на истраги што се водат со судски налози и во согласност со законските процедури.

„Овие алатки не овозможуваат и не се користат за прислушкување, туку претставуваат стандардна опрема за дигитална форензика, каква што се користи и од други безбедносни институции ширум светот“, се вели во соопштението.

Министерството дополнително потсетува дека истиот тип софтвер бил набавен и во 2021 година, кога МВР било раководено од министер од редовите на СДСМ, што, според институцијата, „само ја нагласува противречноста“ на сегашните обвинувања од истата партија.

„Набавката е спроведена транспарентно и согласно со Законот за јавни набавки и има единствена цел – да го засили капацитетот на Одделот за форензички испитувања во откривање и докажување на кривични дела“, наведуваат од МВР.

Во завршницата од демантот, Министерството апелира до политичките субјекти да се воздржат од пласирање дезинформации што, како што се наведува, ја поткопуваат довербата во институциите. „Борбата против криминалот мора да биде заеднички приоритет, а не повод за политички конструкции што одговараат само на оние кои се плашат од функционални институции и владеење на правото“, се заклучува во соопштението.

СДСМ обвини дека МВР набавува сомнителен софтвер за шпионажа

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...