fbpx

МВР: Чулев шири дезинформации, протестот не беше пријавен

-

Министерството за внатрешни работи соопшти оти е невистина дека вчерашниот протест бил уредно пријавен со однапред позната маршрута на движење со тоа демантирајќи го Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ, поранешен министер за внатрешни работи во техничка влада и поранешен директор на Агенцијата за разузнавање за време на владеењето на пребеганиот Никола Груевски. Од МВР го повикаа Чулев да го покаже архивското бројче од актот за пријава на протестот.

„Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла сите невистини пласирани на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Наќе Чулев и го повикува да го покаже архивското бројче од актот со кој тврдат дека го пријавиле протестот, со наводно однапред позната маршрута на движење и точки на застанување. Таква пријава во МВР не постои“, соопшти МВР.

Оттаму објаснуваат дека согласно член 3 од Законот за јавни собири, известувањето се поднесува во подрачната единица на МВР на чие подрачје се одржува јавниот собир и во него е наведен организаторот на протестот со сите преземени мерки во врска со непречено организирање на протестот.

„Но, таков документ со архивски број нема, бидејќи таков акт не постои“, велат од МВР.

Според нив, екс-министерот за внатрешни работи точно знае дека согласно законот, организаторот кој го пријавил протестот може да сноси и одговорност за активностите кои се случуваат на истиот.

„Оперативниот план на МВР со мерки и активности е изготвен согласно оперативните сознанија на полицијата, а не според изнесените дезинформации за уредно најавен протест и благодарение на тој план, со брза реакција на полицијата беа избегнати поголеми инциденти, а досега се приведени 20 лица, од кои против 12 веќе се поднесени кривични пријави“, соопшти МВР.

Претходно, на прес-конференција на ВМРО-ДПМНе, Наќе Чулев побара министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Бујар Османи да поднесат оставки бидејќи дозволиле да се случи сериозен безбедносен инцидент.

„Имено, протестот беше уредно најавен, со однапред позната маршута на движење и точки на застанување“, рече Чулев додавајќи дека МВР е должна да изготви оперативен план каде ќе предвиди мерки и активности за физичко, оперативно и сообраќајно обезбедување на протестот.

Тој објасни дека оперативното планирање се врши врз основа на безбедносна проценка која вклучува безбедносни ризици вклучително и безбедносен ризик за учесниците на протестот.

„Во таа насока согласно безбедносната проценка и оперативниот план се предвидува и соодветен распоред на полициски сили и средства и мерки и активности кои треба да се преземат. Речиси секогаш во досегашните оперативни планови секторот Мавровка односно плоштадот Скендербег е идентификуван како критична безбедносна точка“, рече Чулев додавајќи дека за време на вчерашниот протест на оваа локација биле видливи само тројца позорникари.

Инцидент помеѓу Македонци и Албанци во Скопје, повеќе истрели од огнено оружје

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До обвинителството не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство, [email protected], не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, соопшти...