Според статистиката на МВР, изминатото деноноќие 56 лица не ја почитувале забраната за движење на ниво на целата држава, при што приведени се 36 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

„На 307 лица им се издадени решенија за изолација, а 188 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација,“ информираат од МВР.