Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во текот на вчерашниот ден, во засилена акциска контрола низ земјава за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, биле санкционирани вкупно 240 пешаци. Притоа, 196 од нив биле санкционирани за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, додека 31 за минување на црвено светло.
Најголем дел од санкционираните пешаци биле на територијата на СВР Скопје – 85, 65 на територијата на СВР Тетово, а 29 на територијата на СВР Битола.
МВР извести дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“, апелираат од МВР.