Министерството за внатрешни работи соопшти дека, од 00.00 часот до 04.00 часот, на ден 24 мај 2021, констатирано е дека 21 лице не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие 23/24 мај, пак, на територијата на Северна Македонија за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 439 прекршоци. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.
Исто така, од МВР информираат дека, во текот на вчерашниот ден, 23 мај, продолжија засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје се изречени вкупно 217 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина, 79 санкции, а 11 за возење без возачка дозвола.
Изречени се четири санкции з користење мобилен телефон и 15 за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.