Музика и вино на скопскиот плоштад, по пауза од две години започна „Виноскоп 2022“

Фото: Вино Скоп 2022

По пауза од две години, вчера започна фестивалот „Вино Скоп“, што традиционално се одржува од 2006 година. Покрај можноста да пробаат вино од богатата понуда на повеќе од 25 винарии од земјава, гостите имаа можност да уживаат во музиката на Фолтин и Игор Џамбазов.

Фото: Вино Скоп 2022

На фестивалот што ќе трае до 8 мај ќе настапат повеќе уметници, меѓу кои и групите Ласт Експедишн, Фиц и Студени Нозе, Суперхикс, пејачите Нина Јанева, Мики Јовановски Џафер, како и Здружението на Џез музичари „Биг Бенд“.

На последниот ден на Фестивалот, организаторот најави дека ќе настапат македонски блуз музичари и целиот ден ќе биде исполнет со блуз музика.